ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ ВО ОХРИД

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најмасовната културно-верска манифестација посветена на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и оваа година ќе биде организирана на највисоко ниво, како што му доликува на еден духовен и туристички центар. Ова беше истакнато на денешниот состанок на организациониот одбор за подготовка на овој традиционален настан, кој е радост и доживување за илјадници верници на охридското пристаниште.

Во согласност со востановената традиција, Богојавленските чествуавања ќе бидат составени од два дела. Првиот дел е црковниот дел, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот дел е граѓански,  што го координира Општина Охрид и се однесува на целокупната празнична програма.

На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро, а точно во 10 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Во сите парохиски цркви во Охрид веќе е започнато пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од настанот. До сега покрај бројните охриѓани, своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Македонија.

По чинот на Богојавленскиот водосвет, околу пладне на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Некст Тајм“.

Истиот ден во 12 часот на месноста Сараиште ќе биде организирано групно крштевање во Охридското Езеро, а сите заинтересирани ќе може да се пријават во црквата „Свети Никола Геракомија“. Во Центарот за култура „Григор Прличев“, во организација на Црвен Крст од 9 до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција.

Како дел од подготвителните активности  и логистиката на настанот во четврток на 18-ти јануари охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро, на просторот каде ќе се одржува фрлањето на Светиот крст. Исто така, предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, соодветно украсување на градот со зеленило и верски знамиња, како и низа значајни активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.

Прославата за Водици во Охрид, продолжуваат на 20-ти јануари со уникатната манифесатција Денот на рибарите во чест на празникот Свети Јован Крстител.  Традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и истата ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини. Оваа година ќе биде послужена и храна која е карактеристична за трпезите на овој празник.

На денешниот координативен состанок на организациониот одбор, присуствуваше градоначалникот, Кирил Пецаков, Координаторот на манифестацијата, Митко Топенчаров, претставници од Дебарско кичевската епархија, претставници од СВР Охрид, охридските јавни претпријатија, Територијалната противпожарна единица, од нуркачките клубови „Амфора“ и „Охрид“, од Капетанијата на пристаништата, од Црвен Крст, од охридските здравствени установи, претставници на туристичкиот сектор и други лица кои се вклучени во организацијата.

- Advertisement -
Ad image

 

 

 

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article