Здружението на стоматолози незадоволно од законските измени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Здружението на специјалисти стоматолози извести дека отсега натаму граѓаните за повеќе пари ќе добиваат за половина помалку услуги, односно заедно со зголемувањето на цените на услугите Фондот за здравство им го преполовил бројот на пациентите. Според нив тоа ќе значи подолго чекање додека да добијат услуга.

„По 16 години преговори помеѓу ФЗО и специјалистите стоматолози конечно на крајот на годината Фондот утврди приближно реална цена на специјалистичките услуги ( протетски, ортодонтски и орално хируршки услуги). Но, бројот на услугите што може една ординација да ги понуди се намали (преполови) за 50% .

Тоа би значело дека докторот специјалист по соодветната специјалност може да пружи половина од услугите за соодветниот месец со што на осигурениците на ФЗО ќе им биде одземено правото навремено да добијат специјалистички стоматолошки услуги. На овој начин пациентите ќе чекаат повеќе месеци за да можат да добијат услуга во специјалистички ординации или ќе мора приватно да ги плаќаат услугите.

Со намалување на бројот на услуги фондот не го реши нашиот 16- годишен проблем бидејќи истата сума пари (буџет) ја издвојува за специјалистичката стоматолошка дејност, а на осигурениците им ги преполови услугите.

Сите овие промени и измени на законот беа донесени три дена пред новата година. Во овој краток период докторите се затекнати и збунети како ова да им го објаснат на своите пациенти и каéко да постапуваат со нив“ – се вели во соопштението на Здружението на стоматолозите.

Share This Article