Во ноември лани се издадени 318 одобренија за градење, што е за 10,2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти државниот завод за статистика.
Предвидената вредност на објектите кои треба да се градат изнесува 11,726 милијарди денари, што е за 31,2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 171 (53,8 %) е наменето за објекти од високоградба, 70 (22 %) за објекти од нискоградба и 77 (24,2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 318 објекти, на 182 (57,2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 136 (42,8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 655 станови, со вкупна корисна површина од 55.047 м2. Најмногу станови ќе се градат во Охрид (140), Битола (131) и во Струмица (129). Во Скопје и натаму на прво место за изградба на станови е општина Центар каде што е предвидено да се изградат 83 станови.
Во овој месец не е превидена изградба на станови во општините од Североисточниот регион (Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане). Најмногу станови ќе се градат во општините од Југозападниот регион вкупно 175 каде што припаѓа и Охрид.