Судот од Кичево определи 30-дневен притвор за таткото Ф.Д.( 30) кој ја претепа својата двегодишна ќерка која по 22 дена борба за живот почина на скопската Клиника.
Против него е поднесена кривична пријава за убиство.
„Тој, на 18.12.2023 година околу 21 часот во неговата семејна куќа во Кичево, при вршење на семејно насилство, со физичка сила ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје каде, на 8 јануари починала“, велат од СВР Охрид.
Мажот е спроведен во Казнено поправната установа Затвор-Битола.