Мобилизација на грчката полиција предизвикаа два случаи во Атина, сомнителен коверт со прашок со непознат состав во руската амбасада, другиот со сомнителен куфер во центарот на градот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Мобилизација на грчката полиција предизвикаа претпладнево два случаи во Атина, едниот со сомнителен коверт со прашок со непознат состав во руската амбасада, другиот со сомнителен куфер во центарот на градот, а засега веројатно се работи за два одвоени случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, и во двата случаи биле ангажирани припадници на Одделот за деактивирање експлозивни направи.

Во центарот на Атина, пред хотел била пронајден сомнителен куфер, по што интервенирала полицијата и превентивно бил затворен поширокиот дел.

Во амбасадата на Русија во населба во северниот дел на Атина бил откриен ковертот со сомнителен прашак.

фото: МИА

Share This Article