Еве какви ракети беа користени во нападот кој може да започне нова војна

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ракети „Томахавк“ кои летаат со брзина од 900 километри на час близу брзината на звукот биле користени во нападот на САД и Велика Британија врз Јемен и Хутите, потврдил Пентагон, според пишување на Си-Ен-Ен. Ваквите ракети, според написот, биле користени затоа што тешко можат да бидат следени на радар.

„Томахавките се многу прецизни и бидејќи се водени со ГПС-систем, тие можат да ги менуваат целите или курсевите по лансирањето во зависност од потребите“, се вели во општите спецификации за ракетите на американската морнарица. Си-Ен-Ен тврди дека крстосувачките ракети Томахавк биле лансирани од американската нуклеарна подморница УСС Флорида (SSBN-728). Секоја од ваквите подморници може да носи до 154 проектили „Томахавк“ од типот UGM-109E. Дострелот на проектилот е 1.600 километри.

Американците употребија ракети „Томахавк“ во војната во Босна и Херцеговина. Типот UGM-109E е со класична боева глава, а не со нуклеарна.

Она што не е познато е колкав број и точно кои бродови-разурнувачи учествувале во гаѓањето на цели во Црвеното Море, но и внатре во Јемен.

Се смета дека биле користени бродови-разурнувачи со системот Марк 41 за вертикално лансирање (претходна подкласа 90 и подоцна 96 цевки за лансирање) од кои може да се лансираат противвоздушни, противбродски и крстаречки ракети.

 

подморницата УСС Флорида, фото: икс/принтскрин

Западните медиуми утринава објавија дека кон Хутите биле истрелани повеќе од 100 ракети. Во нападот учествувале и повеќенаменските борбени авиони Супер Хорнет од типот F/A-18E/F. Тој полетал од носачот на авиони „УСС Двајт Д Ајзенхауер“. Тие можат да носат до 8.000 килограми оружје. Се смета дека е користена разна муниција, меѓу која и наведувани проектили воздух-земја и ласерски наведувани бомби.

Најдобрата карактеристика на системот JDAM за наведување муниција е сателитско (GPS) враќање. Негативната страна е што ова го прави JDAM неспособен да ангажира подвижни цели.

Но, за поголема заштита од можниот одговор на Хутите авионите „Хорнети“ биле придружувани од авионите„ EA-18G Growler“ кои можат да откријат електромагнетно зрачење, опремени се со модерни радари и комуникациски системи. Ова се нарекува „електронско војување“.

- Advertisement -
Ad image
авионот Супер Хорнет

Кога и како се приклучија Британците во нападот? Снимките од авионот Тајфун кои ги пренесе Скај-њуз брзо се проширија по социјалните мрежи. Авионот напаѓаше цели внатре во Јемен.

Јавноста го знае овој авион под името „Еурофајтер“ затоа што кон крајот на деведесеттите години од минатиот век го развива Франција и Шведска кои извадија свои типови како „Рафале“ и шведскиот „Грипен“. Тој не бил развиван за напади на копно. Но, со модификации добиена е и оваа опција.

Си-Ен-Ен прашува во анализата дали Велика Британија се одлучила за бомбите „Paveway IV“ како втора најевтина опција за нападот. Тоа се бомби со ласерско наведување. Бомбата има гравитациско наведување на кое е додадено наведување од ласер и од ГПС-координати од сателит.

- Advertisement -
Ad image

Негативната страна е што „Paveway IV“ има многу краток дострел – ако бомбата се фрли од многу голема надморска височина со голема субсонична брзина од околу 30 километри. Бидејќи ознаката за ласерска цел на Тајфунот нема таков дострел, целта мора да биде осветлена со ласер или со беспилотно летало или со извидничка група на земја.

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство соопшти дека оперирале четири авиони „Тајфун“ и дека бомбите „Paveway IV“ носеле боеви глави тешки 500 фунти. „Тајфуните“ имале поддршка од танкер за полнење гориво „Војаџер“ кој им овозможува на авионите да летаат на подолги растојанија.

Велика Британија денеска го нарече нападот акт на самоодбрана.

Хутите ветија дека ќе одговорат на нападите и дека битката трае и во моментов.

Share This Article