More

    Лица кои синоќа со возило заглавиле во снег кај Пониква се спасени и однесени на безбедно место

    spot_img

    Лица кои синоќа со возило заглавиле во снег кај Пониква се спасени и однесени на безбедно место информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

    Како што појаснуваат од ЦУК, заглавените во снег кај Пониква на Осоговските Планини, биле однесени на безбедно место, а возилото било извлечено од снегот.

    „Тоа е кусата повратна информација од терен по спасителната акција на доброволната планинска спасителна служба „Осогово“ од Кочани, на МВР и на други ангажирани субјекти и граѓани. Конкретно, вчера во 17:45 била пристигната информацијата за заглавени лица со теренско возило во снег на Поникава, Осоговски Планини. Веднаш од ЦУК е извршен контакт со ДПСС „Осогово“, а во меѓувреме, екипа од МВР, со теренско возило, била упатена на местото каде што биле заглавени лицата. Пожарникарите биле подготвени, ако имало потреба од нив. Вчерашната спасителна акција е успешно и навреме спроведена и покрај студеното и снеговито време“ – додаваат од ЦУК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img