More

    Отворени се опциите за заеднички фронт СДСМ-ДУИ-Алијанса за Албанците, но и ДУИ-Алијанса-ДПА и партиите на Аријанит Хоџа и Скендер Реџепи

    spot_img

    Отворени се опциите за заеднички фронт СДСМ-ДУИ-Алијанса за Албанците, но и ДУИ-Алијанса-ДПА и партиите на Аријанит Хоџа и Скендер Реџепи, изјави синоќа првиот вицепремиер и функционер на ДУИ Артан Груби во интервју за емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

    Одговарајќи на прашањето како ДУИ ќе настапи на претстојните избори Груби рече дека тие ги разгледуваат анкетите и најдобрите можности. Според анкетите, рече Груби, европски фронт, составен од СДСМ-ДУИ-Алијанса за Албанците и други политички партии би бил победник на изборите на 8 мај годинава, и тоа убедливо.

    Тој додаде дека се разгледува и можноста ДУИ сама да излезе на изборите.

    Според него, сите опции се отворени и за парламентарните и за претседателските избори. За тоа дали ДУИ ќе оди на избори со СДСМ вели дека се водат разговори меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски.

    Груби рече дека ДУИ има црвени линии и нема да коалицира со партија која нема да поддржи „европска Македонија, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија, Охридскиот договор и признавањето на Косово“.

    – Преку тоа не можеме да преминеме. Сметам дека тешко ќе се најде некоја албанска политичка партија која ќе послужи на руско сценарио во Македонија – рече вицепремиерот Груби.

    За тоа дали и кој претседателски кандидат ќе го поддржат, вели дека тоа зависи од односот на партиите на политичката сцена. За актуелниот претседател Стево Пендаровски, Груби рече дека тоа веќе го направиле на претходните избори и немаат никаква резерва кон него за кандидат, но за тој да биде консензуален не зависи само од ДУИ туку и од СДСМ и од Алијанса за Албанците и од другите политички партии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img