Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва ја обвини Јужна Африка дека „претставува чудовишта“ и го обвинува Израел за геноцид додека земјата се бори против геноцид.
Нетанјаху оцени дека случајот против Израел презентиран денеска од Јужна Африка пред Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг е доказ дека светот „се превртел наопаку“.
– Терористичка организација го изврши најлошото злосторство врз еврејскиот народ после Холокаустот и сега некој доаѓа да ја брани во името на Холокаустот. Каква дрскост – рече Нетанјаху во видео порака.
– Лицемерието на Јужна Африка падна од небо. Каде бевте вие Јужна Африка кога милиони луѓе беа раселени од своите домови во Сирија и Јемен?“ – додаде израелскиот лидер и праша кој ги раселувал и самиот одговори дека тоа го направиле партнерите на Хамас.
Тој најави дека Израел ќе продолжи да се бори против „терористите до целосна победа“.
– Ќе продолжиме да ги отфрламе лагите, ќе продолжиме да го штитиме нашето право да се браниме и да ја обезбедиме нашата иднина – рече израелскиот премиер.
Јужна Африка денеска го обвини Израел дека ја прекршил Конвенцијата за геноцид на Обединетите нации (ОН), велејќи дека дури и нападот на Хамас на 7 октомври не може да го оправда она што се случува во Газа.
Официјална Преторија итно побара највисокиот суд на ОН да му нареди на Израел „веднаш да ги прекине воените операции“ на таа палестинска територија.
Претставници на Израел утре ќе говорат пред судиите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за случајот, кој еврејската држава го нарече „апсурден“ и „ужасен“.