Популарниот српски актер Милош Биковиќ организираше прослава за своите пријатели, по повод раѓањето на наследникот Василије, кој го доби со својата избраничка Ивана Малиќ. На прославата присуствувале многу колеги и пријатели, како Миодраг Радоњиќ, Тамара Драгичевиќ, Нина Јанковиќ, Јелисавета Орашанин…
На прославата присуствуваше и режисерот и сценарист Милош Аврамовиќ, творец на серијата „Јужен ветер“. Аврамовиќ најпрво се сликаше со Биковиќ на почетокот на вечерта.
– Татко – напишал режисерот на фотографијата што ја објави на Инстаграм.
Режисерот потоа го фотографирал актерот на кој му била искината кошулата која меѓу другото му ја врзал околу главата.
– Пет минути подоцна – напишал Аврамовиќ.
Прославата, инаку, траела до зори. Атмосферата била исполнета со песна, игра и радост. Инаку, ова е првпат јавноста да го види Биковиќ пијан, за што никој не може да му замери, бидејќи тој го прославуваше доаѓањето на својот наследник.
Биковиќ неодамна откри дека нема намера да ја запостави кариерата во Русија и дека планира да живее меѓу Белград и Москва со Ивана и синот.