Полициски службеници од ОВР Кичево вчера на улицата „Маршал Тито“ го уапсија Ф.Д.(30) од Кичево, кој се сомничи дека на 18. декември 2023 година во семејниот дом во Кичево ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка.
Девојчето било пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08. јануари 2024 година, починала. Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.