Фанатастично постигнување на српскиот кошаркар

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Dec 11, 2023; Atlanta, Georgia, USA; Denver Nuggets center Nikola Jokic (15) after a victory against the Atlanta Hawks at State Farm Arena. Mandatory Credit: Brett Davis-USA TODAY Sports

Никола Јокиќ стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој стигна до учинок од 13.000 поени, 6.000 скока и 4.000 асистенции со што го надмина и легендарниот Леброн Џејмс. Но вечрта кога Јокиќ го запиша историското достигнување не беше крунисана со победата на Денвер, кој беше поразен од Јута со 111:124.
Центарот на актуелниот шампион на најсилната кошаркарска лига во светот, мечот го заврши со 27 поени, 11 скока и шест асистенции, а споменатиот рекорд го постигна со неполни 29 години, со што ќе го престигне Леброн Џејмс, кој во моментот на поставување на рекордот имал 29 години и 82 дена.

На оваа средба Јута водеше со 23 разлика, па на крајот, кога ќе се повлече линијата, Нагетс можат да бидат задоволни што мечот го завршија со минус од само 13 поени.

И покрај поразот, Јокиќ го одбележа мечот освен со рекордот и со феноменална асистенција која ја воодушеви Америка!

Јокиќ во првата минута од играта го имаше најдоброто додавање на натпреварот! Центарот на Денвер имаше дефанзивен скок под својот кош по промашувањето на Јута, а потоа без многу двоумење ја фрли топката дијагонално, преку целиот терен директно во рацете на Мајкл Портер Јуниор, кој истрча фантастичен контранапад и ги постигна првите поени на мечот.

Share This Article