Непознати млади лица залепиле некролог со ликот на Адолф Хитлер и кукасти крстови на зградата на синагогата во Софија во моментот кога внатре се одржувала молитва

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Непознати млади лица залепиле некролог со ликот на Адолф Хитлер и кукасти крстови на зградата на синагогата во Софија во моментот кога внатре се одржувала молитва, јави БТВ. Еврејската заедница во Бугарија е револтирана поради говорот на омраза.

Максим Делчев, претседател на централниот израелски духовен совет во Бугарија за бугарските медиуми изјави:

– На денот кога ја славиме саботата во јудаизмот – околу 5 часот, младите го залепија ова парче хартија на вратата. На прв поглед може да изгледа прилично ситно, како смешна шега, но всушност она што го гледаме е сосема јасно организирана акција на луѓе кои ставиле маски.

Излегува дека вакви вандалски акти се случуваат секоја година, вели тој.

– Претходно имаше луѓе кои фрлаат камења по синагогата, пред една година беа исцртани свастики. За жал, досега нема процесуирано ниту еден случај на тема антисемитизам – објасни Делчев.

Според обвинителството во Софија, делото може да има антисемитски мотив, иако велат од еврејската заедница, тешко е да се идентификуваат сторителите.

– Имаме еден случај кога сторителот е фатен и изведен на суд за непристојно однесување -објасни тој.

Share This Article