Едно повозрасно лице го загубило својот живот во пожарот кој утрово избувнал во стан во скопската Општина Аеродром, потврдија од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје.
Телото на починатото лице било пронајдено при расчистувањето на опожарениот стан од страна на пожарникарите.
Инаку, Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово во 06.33 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. Пандил Шишков во Општина Аеродром.
Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.
Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице.
Во гаснењето на пожарот интервенираат 15 пожарникари со шест ПП возила.