Трамп ја објасни изјавата од 2020 година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Видете, НАТО ја искористи нашата земја. Европските земји го искористија тоа. Зависи од тоа дали ќе се однесуваат правилно со нас“.

Вака одговори поранешниот американски претседател Доналд Трамп на прашањето на водителот на Фокс Њуз кој е неговиот став за НАТО. Прашањето уследи по вчерашната објава дека Трамп во 2020 година им кажал на европските функционери додека бил претседател дека САД никогаш нема да ѝпомогнат на Европа доколку биде нападната.

На Светскиот економски форум во Давос во 2020 година, Трамп на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и тогашниот еврокомесар Тиери Бретон им рекол:

– Треба да разберете дека ако Европа е нападната, ние никогаш нема да дојдеме да ви помогнеме и да ве поддржиме.

Политико пишува дека тој рекол и дека „НАТО е мртов“, дека „ние ќе си одиме“ и дека „патем, ми должите 400 милијарди американски долари, затоа што не плативте, вие Германци, она што требаше да го платите за одбраната“.

Трамп има големо водство пред неговите ривали за републиканската претседателска номинација на само пет дена пред почетокот на изборниот натпревар по сојузните држави, покажува анкетата на Ројтерс и Ипсос објавена во средата.

Поранешниот претседател го поддржуваат 49 отсто од републиканците, додека поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли ја доби поддршката од 12 отсто од републиканците, а гувернерот на Флорида Рон Де Сантис 11 отсто. Околу 18 отсто од анкетираните изјавиле дека не знаат кого ќе поддржат.

Се смета дека кандидатка за потпретседателка од републиканците би можела да биде една од двете жени: Ники Хејли или Елис Стефаник.

Share This Article