More

    Во Сао Паоло бил ликвидиран српскиот криминалец Дарко Гајлсер

    spot_img

    Српскиот криминалец Дарко Гајслер Недељковиќ (43) е убиен во Сао Паоло, Бразил кога бил застрелан од непознат напаѓач пред куќата во која живеел со семејството.

    Недељковиќ наводно бил член на Шкаљарскиот криминален клан, а бил убиен во петокот вечерта кога возел велосипед со сопругата и детето на брегот на Сао Паоло.

    На видеото кое беше објавено, се гледа како напаѓачот трча и му доаѓа зад грб и пука што три куршуми кон него. Во тој момент Недељковиќ паднал на тротоар, а детето паднало од велосипедот.

    Недељковиќ користел лажен идентитет во Бразил, Дејан Ковач. Работел во столарска работилница, изјавиле соседите за бразилските медиуми.

     

     

    Српските медиуми шпекулираа дека Дарко Гајслер не е жив, откако му се загубија сите траги по убиството на Андрија Мрдак во Белград во 2014 година, во кое тој учествуваше.

    Како што пишуваат бразлиските медиуми, брзата помош успеала да му помогне, но тој доживеал кардиореспираторен застој и починал.

    Сопругата на членот на Шкаљарскиот клан, Дарко Гајслер, кој беше ликвидиран на 5 јануари пред влезот на зградата во која живееше со семејството во Сао Паоло, Бразил, во својата прва изјава за медиумите рече дека „нивниот син останал без татко и дека ја интересира само каков бил тој како сопруг“.

    – Тоа што се случи во неговиот претходен живот не е моја работа. Мојот син го загуби татко му, за него знам само каков беше кога живеевме како семејство – изјавила сопругата на убиениот Гајслер која е Бразилка на 34 години.

    Убиството се случило за неколку секунди. Сопругата била во шок бидејќи се се случило на метар од неа. Според полицискиот извештај, таа не можела ниту да даде изјава пред истражителите-пишуваат бразилските медиуми.

     

     

    Ден откако во Сантос беше убиен српски државјанин, наводно близок до „Скалјарскиот клан“ Дарко Гајслер, полицијата во истиот град ставила лисици на маж кој имал хрватски документи на име Дарко Малиќ (42), пренесува Курир.рс.

    Според бразилските медиуми, тој бил уапсен на Божиќ, 6 јануари, како еден од водачите на криминалната група која продавала дрога во Сантос.

    Според полицијата, агентите отишле во Камино да Капела да пребаруваат и во куќата го пронашле Малиќ.

    – Спиеше кога агентите упаднаа во имотот. При претресот одземени се околу 190 грама хашиш, мобилен телефон, таблет, пари, вага за прецизно мерење, хрватска лична карта и визит карти на име Дарко Малиќ – наведуваат и додаваат дека при претресот имало опсада околу куќата.

    Според медиумите, Малиќ е приведен, а одземената дрога како и телефонот и таблетот се испратени на вештачење во Кривичниот институт.

    Бразилските медиуми се уште не наведуваат дали апсењето на Малиќ има врска со ликвидацијата на Дарко Гајслер од Панчевиќ, кој ноќта пред апсењето на хрватскиот државјанин беше ликвидиран пред очите на сопругата и детето.

    Инаку убиениот Гајслер бил поврзан со неколку криминални групи во Србија и Босна и Херцеговина, а интересно е што тогаш никој не го пријавил неговото исчезнување.

    Црногорската полиција претходно изјави дека Гајсер од Панчево наводно бил директно вмешан во ликвидацијата на Видак Воротовиќ од Никшиќ, а според информациите на српската полиција, тој бил и најмен убиец на Земунскиот клан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img