More

    Во Хрватска заболените од пертусис се бројат на неделно ниво

    spot_img

    Големата кашлица, позната и како магарешка кашлица или пертусис сѐ повеќе се шири низ регионот, а најалармантна е состојбата во Хрватска. Станува збор за болест која до неодамна се сметаше практично за искоренета. Ако до пред само една година немало ниту еден заболен, сега се случува вистинска епидемија.

    Пертусис е акутна високо заразна бактериска инфекција на респираторниот систем, која се карактеризира со напади на спазматично кашлање. Најчесто се јавува кај доенчиња и мали деца. Текот на болеста е постепен, а бидејќи почнува како обична настинка, на почеток, кога заболениот е најзаразен, не постои сомнеж за голема кашлица, па болеста непречено се шири.

    Податоците за бројот на заболени од голема кашлица во Хрватска се ажурираат на неделно ниво и според податоците на Регистарот на заразни болести на епидемиолошката служба на заразни болести, заклучно со 05.01.2024 година. има 4.446 пријави за пациенти со голема кашлица.

    Најголем број заболени се регистрирани во Загреб и во сплитско-далматинската жупанија.

    Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.

    Фото: Pexels

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img