Според медиумите, славниот актер и режисер најверојатно ја повредил десната нога за време на снимањето на филмот „Смртоносно оружје 5“. Мел Гипсон познат по улогите во акционите филмови, неодамна го прослави својот 68. роденден. Ќерката Лусија, Гибсон ја има со руската музичарка Оксана Григориева.
Инаку, Мел Гибсон во 2021 година потврди дека ќе се врати во главната улога на Мартин Ригс и во петтиот филм од акциониот серијал, и дека ќе го режира во чест на починатиот режисер Ричард Донер кој го подготвил сценариото, но не стигна и да го режира филмот пред својата смрт.
Гибсон откри дека Донер го замолил студиото, главниот протагонист да го режира засега последното продолжение од култниот филм.
Во „Смртоносно оружје 5“ се враќа и Дени Гловер. За датумот на прикажување на филмот сѐ уште нема официјални податоци.