Нема повеќе испади во електро-дистрибутивниот систем од вообичаено поради ниските надворешни температури, информираат од ЕВН Македонија за МИА.
– ЕВН Македонија ги планира капацитетите на снабдување согласно потребите на потрошувачка на корисниците. Покрај сезонските прилагодувања на мрежата, Електродистрибуција секојдневно спроведува и инвестициски зафати за модернизирање и реконструкција на мрежата, односно нејзино одржување и надградување, со цел на корисниците да им овозможи непречено и стабилно снабдување со електрична енергија во било кое годишно време – велат од ЕВН.
Во случај на надворешни оштетувања на мрежата поради што би настанал прекин во снабдувањето, додаваат оттаму, екипите на Електродистрибуција веднаш излегуваат на терен и ги санираат.