More

    Граѓаните повеќе сакаат да плаќаат со картички и со мобилни телефони

    spot_img

    Во третиот квартал од 2023 година е забележан пораст на употребата на платежните картички  и на мобилните апликации за електронско плаќање, покажуваат податоците на Народната банка.

    Според податоците, во третиот квартал лани  споредено со истиот квартал од претходната година е забележан раст од 12,8% бројот и 10% кај вредноста на трансакциите со платежни картички издадени во земјава.

    -Притоа, значителен годишен раст од 15,1% е забележан кај употребата на картичките за плаќање производи и услуги во земјата,  којшто се должи на посилниот раст на плаќањата на физичките места на продажба од 15,9%, но и солиден раст од 9,0% на плаќањата на виртуелните (интернет) продажни места – велат од Народна банка.

    Во истиот период забележан е годишен раст од 9,3% на вредноста  и од 5% кај бројот на остварени трансакции извршени со кредитни картички. И кај овие плаќања расте бројот на трансакции извршени електронски.

    -Бројот на електронски иницираните платни налози во третиот квартал од 2023 година забележа годишен раст од 16,1%, што е повеќе за 10,8 п.п. од годишниот раст во третиот квартал од 2022 година (5,3%) – велат од Народна банка.

    Лани споредено со претходната година, е зголемено и  плаќањето преку апликациите на мобилните телефони каде што годишен раст изнесува  19,5%, како и кај употребата на компјутерите за извршување на плаќањата (11,8%).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img