Српскиот актер и црногорската адвокатка добија син

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српскиот актер Милош Биковиќ стана татко. Неговата свршеница Ивана Малиќ денеска се породи и на свет донесе момче. Ивана се породи во приватна болница во Белград.

Милош цело време бил со својата избраничка. Ивана по породувањето се чувствува добро, како и нивниот новореден син.

Инаку, бебето се роди само 4 дена пред роденденот на познатиот актер, а Милош го доби најубавиот можен роденденски подарок.

Популарниот српски актер и црногорската адвокатка се во врска повеќе од две години, а се свршија во ноември минатата година.

Убавата Црногорка ја криеше бременоста до летото, кога првпат објави фотографии со трудничкиот стомак.

Претходно Биковиќ откри дека планира да живее со семејството на релација Белград – Москва.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article