More

    Сараевчани бесни поради настапот на хрватскиот пејач

    spot_img

    Во Босна и Херцеговина настана расправа за концертот на Тони Цетински во Сараево на одбележувањето на 40-годишнината од Зимските олимписки игри во 1984 година.

    Одборот за организација на 40-годишнината од Зимските олимписки игри 1984 година што се одржаа во Сараево вчера на прес-конференција ја претстави јубилејната програма на ЗОИ што ќе се одржи во февруари. Најголемо внимание кај граѓаните предизвика тоа што на годишнината ќе пее Тони Цетински.
    Пијанистот Владо Подањи беше меѓу првите кои ја осуди информацијата.

    „Одвратно!!!!40 години од Олимпијада, а вие влечете некој што не е од Сараево, Босна и Херцеговина… Тони е одличен, врвен изведувач, но што сакате да им влезете во газ на сите надвор границите на нашата земја… срам да ви е…“ Ни ги изгасивте уметниците, културата, среќата… и ги увезувате за да ги оправдате вашите „улоги“ во неа… Затоа си заминувам од Сараево и Босна и Херцеговина … со вас не сакам да го делам ни воздухот“ – напиша Подани.
    „Многу ме интересира дали некој од Србија или Хрватска би поканил пејач кој не е од нивната земја на ваков настан… еве ќе ви одговорам – НИКОГАШ! Покрај толку многу млади надежни пејачи од Босна и Херцеговина и живи легенди, поканувате некого „од страна“ да прослави 40 години ЗОИ?! Што мислите со главата??? БЕЗ КОМЕНТАР!“ – објави инфлуенсерката Хана Хаџиавдагиќ Табаковиќ.

    Набрзо по објавата, на социјалните мрежи се огласија и многу граѓани.

    „Тони Цетински има врска со Олимпијадата како Шериф Коњевиќ со Сињска Алка…“, коментираат некои од нив.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img