Откако се омажи за раперот Канје Вест, архитектката Бјанка Ценсори привлекува големо внимание во јавноста со нејзините шокантни разголени изданија, за кои многумина го обвинуваат славниот музичар.
Папараците ја „уловија“ славната двојка пред казино во Лас Вегас каде го прославуваа 29-от роденден на Бјанка, а посебно интересен е стајлингот на сопругата на Канје Вест. За роденденската прослава Бјанка избра минијатурен горен дел од бикини, кој практично беше направен од две ленти и од кој и се прелеваат градите, суња до колена и боси стапала.
„Ова е тажно за гледање“, „Кание ја користи само за да биде во центарот на вниманието“, „Кутра жена“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Канје неодамна на социјалните мрежи ја објави голата фотографија на Бјанка со која свечено објави:
„Оваа година нема панталони“, а изгледа не се шегуваше, бидејќи Бјанка сега носеше здолниште.
Многумина го обвинуваат раперот дека ја манипулира сопругата и ја тера да носи вакви бизарни изданија, а сметаат дека на Бјанка и е потребна помош. Таа пак заклучи дека нејзините следбеници само се љубоморни на нејзината новооткриена слава.