More

    Додик повторно се заканува со независност на Република Српска

    spot_img

    Србите во Босна и Херцеговина се „ментално интегрирани“ со Србија и ќе ја поддржат евентуалната независност на Република Српска (РС), рече нејзиниот претседател Милорад Додик во интервју за Франс прес.

    – Не сакаме да останеме овде – вели Додик во интервју за француската агенција објавено на Денот на Република Српска, прослава на која централните власти на Босна и Херцеговина и Организацијата за безбедност и соработка во Европа ( ОБСЕ) сметаат дека се неуставни.

    Во интервјуто Додик посочува дека над 80 овластувања на РС се префрлени на централната власт во Сараево и тие сакаат да ги вратат.

    „Франс прес“ пишува дека Додик во последно време се занимава со проблематиката на државниот имот како што се недвижен имот и шуми, кои, според него, им припаѓаат на субјектите и се прашање на „живот и смрт“. Медиумите во Босна и Херцеговина, пак, тврдат дека нивен сопственик е државата, пишува француската агенција.

    Тоа прашање сè уште не е правно решено, а висок претставник на меѓународната заедница, со овластување да го донесе или укине законот, би можел да пресуди во случајот.

    – Ако се случи тоа, ќе одиме во Народното собрание на РС и ќе донесеме одлука за независност. Ќе ги повлечеме Србите од војската, полицијата, од заедничките институции. Им препорачувам да не влегуваат во таа приказна – се закани Додик.

    Претседателот на РС тврди дека целта на Западот е да ја направи Република Српска бесмислена и да создаде централизирана Босна и Херцеговина.

    -Нашиот карактер не дозволува тоа да се случи. Затоа денеска со гордост го славиме 9 јануари – рече тој.
    Франс прес пишува дека Додик се заканува со независноста на РС од доаѓањето на власт во 2006 година. Сигурен е дека и жителите таму го посакуваат тоа, но сеќавањата од војната ги спречуваат да се одважат на тоа.

    -Но, јас сум целосно сигурен дека луѓето разбираат што се случува. Доколку во решавачки момент се понуди платформа за независност, народот би ја поддржал – сигурен е претседателот на Република Српска.

    Додик истакнува дека населението на тој ентитет е „ментално интегрирано“ со Србија.

    – Да, сега сме дел од Босна, но затоа што тоа е наша обврска. Тоа не е нешто што го сакаме – рече првиот човек на српсдкиот ентитет во БиХ кој брои 1,2 милиони жители.

    Заканите за отцепување, антицентралната државна реторика и блискоста со рускиот претседател Владимир Путин го направија Додик непожелен во западните престолнини. Претседателот на РС е под американски и британски санкции, не се колеба редовно да го навредува американскиот амбасадор и изразува „гордост“ што редовно се гледа со „големиот лидер“ Путин, изјави тој за агенцијата Франс прес.
    САД очекуваат истрага и казнување на сите оние кои ги прекршуваат законите на Босна и Херцеговина, како и пресудите на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој прославувањето на 9 јануари за ден на Република Српска го прогласи за неуставно. соопшти амбасадата во Сараево.

    „Уставниот суд на Босна и Херцеговина во повеќекратните пресуди јасно укажа дека одбележувањето на Денот на РС на 9 јануари е противуставно. Не станува збор за славење празник, туку за одлука тоа да се направи на 9 јануари. Со поврзаувањето на прославата со православен верски празник се прекршуваат неколку одредби од Уставот на Босна и Херцеговина кои забрануваат дискриминација.Ова е прашање на право, а не на мислење“, се вели во реакцијата на американската амбасада во Сараево.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img