More

    Леталото „Перегрин“ откажа пред да слета на Месечината

    spot_img

    Првата американска мисија на Месечината по 50 години е во неволја. Леталото Перегрин не успеа да ги насочи своите соларни панели кон Сонцето за да може да слета. Откако комуникацијата со леталото била обновена и батериите биле наполнети бил откриен поголем проблем  – истекување на погонско гориво.

    Без погонскиот систем леталото нема да може меко да слета на Месечината со што станува неизвесно како ќе заврши мисијата. Мисијата беше замислена како прво приватно слетување на Месечината од страна на фирмата „Астроботик“ иако учествуваат НАСА и други државни институции во САД.

    Инцидентот се случил само неколку часа откако леталото успешно орбитираше околу Месечината. Претходно, Перергин беше донесен до орбитата со ракетата Вулкан од Земјата.

    „Во овој момент, целта е да го доближиме Перегрин што е можно поблиску до Месечината пред да ја изгубиме способноста да ја задржиме позицијата насочена кон сонцето и последователно да ја изгубиме моќта“, се вели во најновата објава на „Астроботик“ на Икс.

    Добрата вест е дека во февруари друга приватна компанија во САД повторно ќе се обиде да слета на Месечината, овојпат со ракета „Фалкон“ на компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск.

    Индија во август стана четврта земја која меко слета на Месечината, по САД, Русија и  Кина. Кина лани изненади со свој ровер на темната страна на Месечината и во март тврдеше дека ровоерот успеа во месечевата почва да лоцира потенцијален извор на вода обвиткан со мраз.

    Јапонското летало СЛИМ кое е во месечевата орбита се очекува да слета на 19 јануари. Израел во април 2019 година имаше неуспешен обид да слета со леталото Берешет кое се урна во Месечината откако му откажаа моторите.

    А токму постоењето на мраз и тоа како водата кружи и испарува на Месечианта за да замрзне ноќе требаше да го истражи и леталото Перегрин кое сега е во неволја. На леталото НАСА поставила пет инструменти кои треба да го мерат површинскиот и подземниот мраз, нивото на радијацијата, магнетното поле и она што се нарекува егзосфера – гасовите во екстремно тенката атмосфера на Месечината.

    Покрај научните инструменти на НАСА, лендерот превезувал и пратки од две други компании. Селестис објави дека нејзината пратка содржи 69 индивидуални останки, вклучувајќи останки од починатиот креатор на серијата „Ѕвездени патеки“ Џин Роденбери, од писателот на научна фантастика Артур Кларк и од едно куче по име Индика-Нудл Фабиано.

    Клиентите плаќале цени почнувајќи од 12.995 долари за испорака на останките, според веб-страницата на компанијата.

    Тоа што на Месечината ќе се депонираат кремирани останки од луѓе некои го сметаат за сквернавање. Такво е премето Навахо во САД кое изрази загриженост за мисијата. Во нивната култура Месечината е свето место.

    Сепак, не постои регулатива за тоа што може и што не може да се испрати на Месечината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img