Американската компанија „Аласка ерлајнс“ (Алјаска ерлајнс) објави дека открила „лошо прицврстени делови“ на некои од нејзините авиони Боинг 737 МАКС 9.
Прелиминарната проверка била извршена откако авионот изгубил една од вратите за време на летот.
Во соопштението на компанијата се додава дека се вршат дополнителни проверки.
Во петочниот инцидент, дел од трупот на авионот – врата за итен излез – излета од Боинг 737 МАКС 9 по полетувањето.
Американската федерална управа за воздухопловство (FAA) нареди 171 од 218 авиони MAX 9 да бидат приземјени додека се врши инспекцијата.