Раду Драгушин, младиот романски стопер е на прагот да премине во Тотенхем.
Како што пишува Фабрицио Романо, во тек се финални преговори меѓу лондонскиот клуб и Џенова, за која сега настапува 21-годишниот репрезентативец.
Тотенхем за Драгушин ќе одвои 25 милиони евра, а договорот ќе биде потпишан до 2029 година.
Џенова на тој начин за кратко време ќе заработи огромна сума на пари, бидејќи летово го купи Драгушин од Јувентус за 5,5 милиони евра, а сега го продаваат за речиси пет пати поголема сума.