Во експлозија во хотел во САД повредено е најмалку 21 лице, пренесоа светските агенции. Според првичните сознанија, постојат сомнежи дека причина за експлозијата е истекување на гас.
Експлозијата се случила во хотелот „Sandman Signature“ во центарот на Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас. Еден од повредените е во критична состојба, четворица се во тешка состојба, останатите се со полесни повреди, информираат локалните лекари.
Очевидци велат дека татнежот од експлозијата бил толку силен што мислеле дека има земјотрес.