More

    На Куба горивото е поскапо за повеќе од 500 отсто, а потоа и поскапување на струјата

    spot_img

    Цените на горивата во Куба ќе пораснат за повеќе од 500 отсто од 1 февруари, објави локалната власт. Тоа е мерка со која Владата сака да го намали јавниот финансиски дефицит.

    Според АФП, цената на литар обичен бензин ќе порасне од 25 пезоси (95 евроценти) на 132 пезоси (добри 5 евра), а цената на премиум бензинот од 30 (1,14 евра) на 156 пезоси ( лоши 6 евра) изјави во понеделникот кубанскиот министер за финансии Владимир Регуеиро за државната телевизија, пренесува француската новинска агенција АФП.

    Властите, исто така, објавија дека туристите кои ќе ја посетат оваа островска земја на Карибите ќе плаќаат гориво во странска валута.

    Кубанската влада, која ги субвенционира речиси сите основни стоки и услуги, на крајот на декември најави серија мерки за намалување на дефицитот во време на тешка економска криза во земјата. Според официјалните податоци, кубанската економија минатата година се намалила за два отсто, а инфлацијата достигна 30 отсто, наведува АФП.

    На крајот на декември, министерот за економија Алехандро Гил призна дека владата повеќе не може да продава гориво по „субвенционирани“ цени, бидејќи на земјата и недостасуваат девизи и сè уште е под децениското американско ембарго. Како што појасни, земјава не може да ја задржи цената на горивата, која е меѓу најниските во светот во споредба со цените во другите земји.

    Кубанскиот бензин е многу евтин, но кога цените се споредуваат со платите во земјата, тој всушност е прилично скап, изјави економистот Омар Еверлени Перез за АФП. Според него, новата структура на цените ќе влијае на целото кубанско општество.

    Во понеделникот владата најави и зголемување на цената на струјата за 25 отсто за големите потрошувачи во населените места, како и зголемување на цените на природниот гас, пренесува АФП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img