More

    Шок во НБА: Најголемата млада ѕвезда во лигата ненадејно ја заврши сезоната

    spot_img

    Ја Морант ја започна сезоната со суспензија од 25 натпревари, а потоа се врати и во 26-от натпревар од сезоната на Мемфис Гризлис го прикажа најдобриот кам-бек во историјата на НБА.

    Морант своето враќање го забележа со 34 поени, шест скока и осум асистенции. Тој, исто така, постигна флотер за победа. Гризлис прекинаа серија од пет натпревари без победа и поминаа со 6-19 без Морант, откако тој доби суспензија од 25 натпревари поради замавнување со пиштол.

    А потоа кога се очекуваше да го носи Мемфис на грб до крајот на сезоната, тој се здоби со повреда на рамото. Повредата ја заработи за време на тренингот во саботата, а потоа Гризлис ја објавија со два дена задоцнување по сите снимки. Се очекува тој да биде целосно подготвен пред почетокот на сезоната 2024/2025.

    Се очекува Морант наскоро да биде опериран. Колку го сврте тимот најдобро говори податокот дека со него Мемфис стигна до скор од 6-3.

    Без сомнение, Морант е последното прибежиште на сите НБА навивачи од САД. Дојдовме до ера кога заштитните лица на лигата сега се ветераните Леброн Џејмс или Стеф Кари или странците, главно Европејци како Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Јанис Антекунмп или Џоел Ембиид. Ова наложи да се појави нова американска ѕвезда, бидејќи САД поминаа пет сезони без награда за МВП, најдолга во историјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img