Српската пејачка Марија Шерифовиќ гордо го споделува секој момент со својот син Марио кој го доби во декември преку сурогат мајка, а бидејќи е со него не престанува да се смее од среќа и возбуда.
Шерифовиќ секој момент го поминува со Марио во својот дом во Белград, а сега со многу интересна објава му го честиташе роденденот на својот пријател, актерот Владимир Ниќифоровиќ.
„Ќе се сплеткаме кога тогаш. Да си жив Ниќифор“, напишала Марија додека позираат на море.
Пејачката била облечена во костим за капење, додека Ниќифор бил без маица.
Инаку, на крајот на 2023 година, Марија сподели емотивна порака со своите следбеници во која ги сумираше нејзините впечатоци.
– Боже, ти благодарам! Ти благодарам за овие мали рачиња. Еден навистина гледа сè и верувајте на секој од нас сè му доаѓа како што заслужува. Дури сега, дури денес, кога имам 39 години, можам да кажам дека срцето и душата ми се во целосен мир бидејќи конечно сè си дојде на свое место – напиша Марија.
ФОТО: Инстаграм