More

    Спасувачката акција почна и ќе заврши успешно

    spot_img

    Службите за спасување во пештерата на Словенија потврдија дека спасувачите влегле во јамата Крижна во Слповенија, за да извлечат пет лица кои останаа заробени во пештерата во саботата, поради зголеменото ниво на водата.

    Спасувачите изјавија дека планираат до попладневните часови да ги спасат тричленото семејство и нивните двајца водичи.

    Заробените не се повредени, а претходно спасувачите со брод и со пливање успеаја да стасаат до нив и да им достават храна, вода и загреан шатор.

    Пештерата Крижна е во близина на градот Церкница на југозападот на Словенија. Станува збор за пештерски систем долг повеќе од 9 километри, а луѓето биле заробени 2,4 километри од влезот во пештерата.

    „Нуркачите со тимот за поддршка што се грижи за транспортот на опремата се собраа во 8 часот наутро. Во 9 часот сите влегоа во пештерата и сега, претпоставуваме, напредуваат. Очекуваме да излезат околу 4 часот и спасувањето да биде успешно завршено. Очекуваме денеска да вечераме дома“, изјави Санди Ќурк, командир на Цивилната заштита за Нотрањска, пренесува словенечко „Дело“.

    ПОСЛЕДНА ВЕСТ: СПАСУВАЧКАТА ОПЕРАЦИЈА ЗАВРШИ УСПЕШНО!

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img