More

    Приземјен 171 авион „Боинг 737-9 Макс“ по вчерашниот инцидент

    spot_img

    Федералната воздухопловна администрација (ФАА) нареди денеска приземјување на околу 171 патнички авиони „Боинг 737-9 Макс“ („Boеing 737-9 Max 9“) низ целиот свет по инцидентот синоќа за време на лет на еден таков воздухоплов на авиокомпанијата „Алјаска ерлајнс“.

    – ФАА побара извршување на инспекција веднаш на некои авиони „Боинг 737-9 Макс“ пред да се вратат во употреба – изјави администраторот на агенцијата Мајк Витакер.

    Одлуката доаѓа откако лет на „Алјаска ерлајнс“ синоќа беше принуден да слета во Портленд, Орегон, шест минути по полетувањето, откако се откорнал прозорец и дел од патничката кабина. Авионот „Боинг 737-9 Макс“ бил произведен и добил сертификат пред само два месеца, според податоците на ФАА.

    Повеќе авиокомпании како „ „Алјаска ерлајнс“ или „Јунајтед ерлајнс“ го прекинаа сервисирањето на овие авиони за инспекција а по наредбата на ФАА.

    Другите американски авиокомпании како „Саутвест“ и „Американ“ изјавија дека не употребуваат „737-9 Max“ туку „737-8 Max“ и потврдија дека овој модел на авиони не е предмет за загриженост.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img