Распишана е потерница по поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Распишана е потерница по поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, информира Основниот кривичен суд Скопје.

Гури, најпрво беше во затворски притвор, а потоа му беше одреден куќен притвор поради здравствени проблеми, откако во јули минатата година беше уаспен заедно со 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама.

Како што објавија дел од медиумите, Гури не бил пронајден од полициски службеници на адресата на која издржувал домашен протвор.

Против Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, се водеше и случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал, во кој Судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци.

Обвинението за „Титаник 3“ беше отворено во 2017 година од поранешното СЈО. Тие се товареа за делото уништување изборен материјал,  односно дека на локалните избори во 2013 година менувале дел од записниците за гласањето во Чаир. Гури беше истакнат активист на ДУИ, а по одделувањето на Изет Меџити се придружи на Демократско движење.

Share This Article