Американскиот актер со германско потекло кој глумеше во „Индијана Џонс“ и во филмот „Брз тркач“ загина заедно со двете ќерки на 10 и 12 години во авионска несреќа на Карибите.
Кристијан Оливер (51) загина кога авионот со кој леташе со семејството се урна во близина на брегот на еден остров. Страшната несреќа се случила во четвртокот околу пладне, во близина на брегот Бекија. Малиот остров е дел од Свети Винсент на Карибите. Заедно со Оливер и неговите деца Мадита и Аник загинал и пилотот на авионот. Актерот се појави во неколку хитови на големото платно, вклучувајќи ги „Saved By The Bell“ и „Valkyrie“, како филм „Индијана Џонс“ од 2023 година.
Актерот постхумно ќе се појави во филмот наречен „Forever Hold Your Peace“, кој престана да се снима на крајот на декември. Режисерот на филмот, Ник Лион, му оддаде почест на Кристијан на интернет и напиша: „Со години разговаравме за продукција на филм заедно и конечно го направивме тоа! Ти благодарам што беше одличен колега, актер и пријател“.
Локалните извештаи велат дека тој со децата пристигнал на Карибите на 26 декември по снимањето. Само два дена пред смртта, Оливер објави видео на тропска плажа со натпис: „Поздрав до сите од некаде на рајот! Нека владее љубовта. Ви посакувам сè најдобро во 2024 година“.
Групата наводно се упатила кон Сент Лусија, кога нивниот авион се урнал недолго по полетувањето од аеродромот во Бекија. На видеото снимено од случаен минувач се слушаат звуци на страшна несреќа заедно со – „Авионот се урна! Повикајте ја крајбрежната стража!“. Водата околу местото на несреќата е наводно само околу 70 стапки (околу 21 м), а локалните жители им помогнале на службите за итни случаи да ја пребараат водата. Пилотот Роберт Сакс ја контактирал кулата веднаш по полетувањето за да ги извести дека авионот е во неволја и дека се врти. Според локалните извештаи, ова била последната комуникација од авионот.
Во декември 2021 година, актерот поднесе барање за развод од неговата поранешна сопруга, новинарката од Лос Анџелес, Џесика Муроз.