Вицепремиерката и член на Претседателството на Српската напредна партија (СНС) Зорана Михајловиќ изјави дека со оглед на фактот што СНС освоила најмногу гласови на изборите, логично е идниот премиер да биде некој од таа партија, соопшти нејзиниот кабинет.
Таа за ТВ Прва посочи дека на Србија и е потребна проевропска влада со целосен капацитет составена од одговорни, образовани и професионални луѓе и со овластување да носи важни и не толку лесни одлуки.
„Има многу за размислување, особено за имињата, но се надевам дека идната влада ќе биде многу подобра од сегашната и во исто време ќе се грижи за политичката стабилност и зачувување на економскиот, финансискиот и енергетскиот систем, а тоа нема да биде лесно“, заклучи таа.