Познатата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ во видео на социјалните мрежи призна дека е Македонец по мајка, од фамилијата Ристовски од тетовското село Волковија. Тој ја поздрави целата негова фамилија, пишува МКД.
„Здраво, тука е Немања Матиќ, сакам да ја поздравам цела фамилија Ристовски од село Волковија, Тетово, Македонија. Знам дека направивте една група на Фејсбук и дека ги барате сите кои потекнуваат од фамилијата Ристовски од село Волковија. Сакам да знаете дека и јас сум еден од вас бидејќи мојата мајка е Ристовска и нејзините тргнале од селото Волковија. Уште еднаш голем поздрав, се надевам дека ќе имаме можност да се запознаеме и малку да се дружиме. Секое добро и ви праќам поздрав од Манчестер“, вели Немања Матиќ.
Фановите на Немања знаат дека тој е Македонец. Пред неколку години неговиот брат Урош прифати да игра за нашата репрезентација, но поради долгото чекање да добие дозвола од ФИФА тој се предомисли, а во меѓувреме му стигна повик од Србија кој тој го прифати.