Студијата откри што е поврзано со зголемен ризик од инфекција со корона

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Една нова студија покажа дека три диети со многу маснотии се поврзани со зголемен ризик од заразување со корона вирусот.

Имено, тим истражувачи од Универзитетот во Калифорнија – Риверсајд (UCR) откриле дека овие три диети ја зголемуваат експресијата на ACE2 протеините и другите протеини домаќини, кои ги користат шилестите протеини на вирусот што предизвикува Ковид да влезе во телото. Претходно, истиот тим, исто така, ја утврди поврзаноста на исхраната базирана на соја масло со дебелината и дијабетесот, кои се познати како главни фактори на ризик за ковид-19.

Во новата студија, истражувачите хранеле глувци со три различни диети во текот на 24 недели во кои најмалку 40 отсто од калориите потекнуваат од мастите. Диетата се засноваше на заситени масти од кокосово масло, мононезаситено, модифицирано масло од соја и немодифицирано масло од соја со висока содржина на полинезаситени масти.

Потоа ги испитале сите четири дела од цревата на глувците, заедно со нивниот микробиом. Четвртата контролна група глувци била хранета со диета со малку маснотии, пишува Тајмс оф Индија.

Растителна исхрана не е секогаш добра
Френсис Сладек, професор по клеточна биологија на UCR и постар автор на студијата објавена во списанието Scientific Reports, вели дека понекогаш исхраната базирана на растенија не е најдобрата опција. Исхраната богата со масти, дури и од растенија, е еден таков случај.

„Овие диети ги оштетуваат гените на имунолошкиот систем на домаќинот и создаваат средина каде што штетните цревни бактерии можат да напредуваат“, додаде таа.

Други набљудувања што ги направија истражувачите се однесуваат на промените во гените кои ја регулираат подложноста на заразни болести, вклучително и оние што препознаваат заразни бактерии и оние што го контролираат воспалението.

Кое масло има најголем ефект?
Утврдено е дека диетата со кокосово масло има најголем ефект врз генската експресија, проследена со диетата со немодифицирано масло од соја, што сугерира дека полинезаситените масни киселини во немодифицираното масло од соја играат улога во менувањето на генската експресија.

Од друга страна, забележано е дека промените во микробиомот се поизразени кај глувците кои се хранеле со диета базирана на масло од соја, за кое истражувачите велат дека е маслото што најчесто се консумира во САД и се повеќе се користи во други земји, вклучувајќи ги Бразил, Кина и Индија.

- Advertisement -
Ad image

Тие, исто така, забележаа дека наодите се однесуваат само на масло од соја, а не за тофу или други производи од соја.

Долгорочните навики во исхраната со висока содржина на масти може да доведат до значителни здравствени последици, велат истражувачите.

Share This Article