More

    Објавени се нови фотографија од возилото со кое е киднапирана убиената Вања Ѓорчевска, а најавени се и нови дополнителни снимки

    spot_img

    Објавени се нови фотографија од возилото со кое е киднапирана убиената Вања Ѓорчевска, а најавени се и нови дополнителни снимки. Фотографиите на социјалните мрежи ги објави српскиот политичар Срѓан Ного, без да појасни од каде се добиени фотографиите и зошто ги објавува.

    „Ексклузивно ја објавувам снимката од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07:29.30 часот, како и сите други снимки од киднаперите кои ги забележале камерите. Исто така ексклузивно ја објавувам и снимката од „киднапирањето“ на Панче Жежовски, фризерот од Велес. Ќе дозаете како течела истрагата и кој всушност ги решил двата случаи и го поврзал Љупчо Палевски – Палчо со нив…“ – најавува Срѓан Ного во објавата на Твитер.

    Според датумот од фотографијата, извадена од снимка од безбедносна камера, таа е направена утрината кога Вања е киднапирана, во 07:34 минути. На втората фотографија направена од безбедносни камери на бензиска пумпа, се гледа и ликот на мажот кој го управува автомобилот, а наликува на убиениот Панче Жежовски.

     

    Љупчо Палевски-Палчо кој е притворен во Турција, е првоосомничен за грозоморните убиства. Покрај Палевски, осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви се и Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, додека Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека на Палевски му дал информации за движењето на неговата ќерка и времето кога оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање во бегството на Палевски, бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.

    14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви на 3 декември, во околината на Скопје и на Велес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img