More

    Со 15 гласа „за“ и во тензична атмосфера на денешната 37. седница советниците на Општина Карпош го изгласаа Буџетот за 2024 година на Општина Карпош

    spot_img

    Со 15 гласа „за“ и во тензична атмосфера на денешната 37. седница советниците на Општина Карпош го изгласаа Буџетот за 2024 година на Општина Карпош.

    На почетокот советниците на ВМРО-ДПМНЕ побараа прекинување на седницата и носење одлука за времено финансирање на општината. Овој предлог беше одбиен од Добрила Андоновска, која како најстар член претседаваше со Советот бидејќи претседателот на Советот на Општина Карпош Бранко Ристов преку писмо информираше дека не може да присуствува на седница поради здравствени причини. Андоновска истакна дека ова процедурално барање нема основа, a таа како заменик нема ингеренции да го стави на дневен ред.

    На изгласувањето на Буџетот на Карпош претходеше политичко препукување помеѓу градоначалникот Стевчо Јакимовски и партиите претставени во Советот како и протест на администрацијата на локалната самоуправа, на кој беше истакнато дека блокадата на буџетот, поради поднесените околу 4.000 амандмани, ќе ја блокира работата на општината и исплатата на плати за администрацијата на оштината и на градинкит и другите установи што се во нејзина надлежност.

    Одделението за односи со јавноста на Општина Карпош потврди дека Буџетот е донесен и информираше за натамошните активности.

    Министерството за финансии ја извести Општината дека максималниот износ на сопствените приходи на основниот Буџет за 2024 година ќе изнесува 546.301.959 денари. Но, со оглед на фактот дека локалната самоуправа ќе добие и средства како приход од ДДВ за 2024 година во висина од 24.435.830 денари, во тој случај основниот Буџет на Општина Карпош ќе изнесува 570.737.789 денари.

    Консолидираниот Буџет (вклучувајќи ги тука и сите основни училишта и детски градинки на територија на Карпош) ќе изнесува 1.262.790.000 денари, од кои најголемо учество во вкупните приходи имаат приходите кои кои ќе бидат остварени преку трансфери и донации во висина од 656.713.000 денари, или 52%. Даночни приходи ќе бидат остварени во висина од 512.914.000 денари или 40,6%, додека пак останатите 6,3% или 79.013.000 денари се неданочени приходи, како и капитални приходи во износ од 14.150.000 денари односно 1,1%.

    За изградба, редовно и инвестиционо одржување и зимско одржување на сервисните, станбените улици и локалните патишта на територија на Карпош, ЈП за државни патишта на РСМ и одобрува средства на Општина Карпош во висина од 5.238.000 денари. Во овој случај, локалната самоуправа ќе ги распореди овие средства, и тоа за изградба на сервисни, станбени улици и локални патишта се предвидуваат финансии во висина од 50% од вкупно одобрените средства, поточно 2.619.000 денари.

    Општината ќе обезбеди финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување на нови лифтови на територија на Карпош, во вкупен износ од 3.000.000 денари. Висината на субвенционирањето ќе биде најмногу до 50% но не повеќе од 500.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправка и/или санација на постоечкиот лифт или поставување на нов лифт, за секоја одобрена апликација.

    Локалната самоуправа ќе доделува субвенции на граѓаните на Карпош, кои сакаат да извршат поправка и санација на покриви на зградите или замена на азбестни покриви на куќите. За таа намена, Општината ќе има на располагање фонд во висина од 3.000.000 денари. Притоа, за колективните станбени објекти (зградите) ќе се доделуваат најмногу до 50% но не повеќе од 350.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправка и санација на кровниот покривач за секоја одобрена апликација. За индивидуалните станбени објекти (куќи) пак, ќе се доделуваат најмногу до 60% но не повеќе од 120.000 денари, од вкупниот износ на вредноста на замена на азбестниот покрив, за секоја одобрена апликација“ – се вели меѓудругото во соопштението на Општината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img