More

    Мурињо направи шоу во програмата во живо: „Дали е Мауро таму?“

    spot_img

    Португалецот се радуваше по победата во четврт-финалето од Купот на Италија против Кремонезе.

    Лани Кремонезе сензационално ја елиминираше Рома во четврт-финалето од Купот на Италија, а беа блиску до повторување на истото сценарио и оваа сезона во истата фаза од натпреварувањето. Сега членот од Серија Б водеше со 1:0 до 77. минута, но Вучица потоа направи пресврт, со головите на Лукаку и Дибала.

    Римјаните овој меч го одиграа без класичен стопер, а Жозе Мурињо веднаш по мечот истакна дека тоа не го може ниту една екипа во Италија. Уште пред натпреварот харизматичниот Португалец објави:

    „Ако треба Лукаку ќе игра и стопер“.

    А шоуто кое го изведе Мурињо започна дури по натпреварот. Португалецот беше вклучен во живо во програмата на „Медиасета“, а потоа се сети на Масимо Мауро. Поранешниот играч на Удинезе, Јувентус и Наполи, сега професионален консултант, имаше многу поплаки за Рома по еден од поразите оваа сезона.

    „Дали е Масимо таму?“, прво ја праша Мурињо новинарката Франческа Бенвенути.

    На негативен одговор, Мурињо продолжи да зборува:

    „Ни треба почит. Тој е поранешен фудбалер, не ги почитува луѓето кои јадат од истата чинија од која јадеше и тоа е лошо. Има луѓе од различни профили, некои ги разбираат и почитуваат оние кои некогаш седнале на тренерска клупа или стапнале на теренот, други не и гледаат само на парите. Ми се чини дека уште јаде од истата чинија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img