More

    Го презеде тимот на врвот, па падна на дното: Познатиот Англичанец доби отказ, но не се откажува од тренерската кариера

    spot_img

    Никогаш не успева да постигне успех како тренер.

    Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Вејн Руни нема да се откаже од тренерската кариера, откако доби отказ во Бирмингем, објавија британските медиуми.

    Раководството на англискиот второлигаш во вторникот го отпушти Руни по само 83 дена и 15 натпревари поради лоши резултати. Руни сега ќе направи подолга пауза од фудбалот за да направи сметка и да размисли што понатаму.

    Тој во соопштението изјави дека „ќе му треба малку време да го преболи овој неуспех“, а како што пренесува „Скај“, Руни е разочаран поради начинот на кој добил отказ, а навредите на некои навивачи го повредиле.

    На 1 јануари Бирмингем загуби на Еланд Роуд од Лидс со 0:3, а потоа Руни беше исвиркан и од гостинските и од домашните навивачи.

    И покрај ова, на „Скај“ му беше кажано дека Руни има голема амбиција да стане врвен тренер и дека на тоа не влијаело овој отказ. Сепак, тој засега нема да размислува за никакви понуди за работа.

    Раководството на Бирмингем допрва треба да се договори со Руни за отштета за отказот. Разговорите за тоа не се одржаа.

    Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед го презеде Бирмингем во октомври кога потпиша договор на три и пол години.

    Тимот тогаш беше шести на табелата во Чемпионшип, а сега е 20-ти со 28 бодови и е на шест бода од зоната за испаѓање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img