Полицијата во Сремска Митровица поднесе прекршочна пријава против 45-годишен маж кој возел со брзина од 221 километар на час по локалниот пат, соопштено е денеска.
Возачот на „аудито“ бил запрен од полициски „пресретнувач“ на патот Сремска Митровица – Лежимир бидејќи се движел со брзина од 141 километар на час поголема од дозволената.
Поради насилно возење, судијата за прекршоци му изрече парична казна од 160.000 динари, 21 казнен бод и девет месеци забрана за возење.