Либанската влада ја повика групата Хезболах да се воздржи од одмазда по израелскиот напад во Бејрут убиен основачот на военото крило на Хамас.
Либанскиот министер за надворешни работи Абдала Бу Хабиб изјави синоќа дека неговата влада ѝ кажала на групата дека „не треба сами да одговорат“ на убиството на високиот функционер на Хамас, Салех Аури.
„Ние не ја насочуваме групата, не им кажуваме што да прават, туку водиме дијалог со нив на оваа тема“, рече Хабиб, додавајќи дека во следните 24 часа ќе се знае дали Хезболах ќе возврати.
„Ние сме многу загрижени, Либанците не сакаат да бидат вовлечени во, дури ни Хезболах не сака да биде вовлечен во регионална војна“, рече министерот, пренесе Би-би-си.
Либанската група Хезболах соопшти дека убиството на високи функционери на Хамас во Бејрут е „сериозен напад врз Либан“ и „опасен развој“ во војната со Израел.
„Ова злосторство нема да остане неодговорено и казнето. Верни сме на нашите принципи и обврски кои самите си ги дадовме. Ова е ден што ќе го паметиме“, рече Хезболах.
Во нападот што ги погоди просториите на Хамас загинаа вкупно шест лица. Израелската армија се уште не го коментираше инцидентот.
Ел Аури беше заменик лидер на Хамас во странство и де факто лидер на военото крило на Хамас на Западниот Брег, јавуваат израелските медиуми.
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амија Абдолахиан денеска изјави дека нападот во кој беше убиен Ауруриј е „кукавичка терористичка операција“.
„Злобната акција на терористичката машинерија на овој терористички режим во другите земји претставува вистинска закана за мирот и безбедноста и сериозен аларм за безбедноста на земјите во регионот“, додаде тој.
Портпаролот на мировните сили на ОН „Унифил“ во Либан изјави дека организацијата е „длабоко загрижена“ поради можна ескалација во регионот, пренесува Ројтерс.
„Длабоко сме загрижени за каков било потенцијал за ескалација што може да има катастрофални последици за луѓето од двете страни на сината линија. Продолжуваме да апелираме до сите страни да престанат да пукаат и да ги повикуваме сите влијателни соговорници на воздржаност“, наведуваат од ОН.