More

    Израел се подготвува за „секое можно сценарио“ по убиството на уште еден човек од Хамас

    spot_img

    Израелската армија се подготвува за „секое можно сценарио“ еден ден по нападот во предградијата на Бејрут во кој беше убиен уште еден маж од палестинското движење Хамас, објави Франс прес повикувајќи се на официјални извори.

    „Израелските сили се во многу висока готовност… во одбрана и во напад. Ние сме целосно подготвени за секое сценарио. Најважно е да кажеме дека сме фокусирани и остануваме фокусирани на борбата против Хамас“, изјави синоќа портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.

    Високиот функционер на Хамас Салех Аури е убиен вчера во Бејрут, потврдија Хамас и Хезболах.

    Либанската државна новинска агенција објави дека Аури и уште три лица загинале во експлозија предизвикана од израелско беспилотно летало.

    Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, го осуди „кршењето на суверенитетот на Либан“ и „проширувањето“ на војната што се води во Појасот Газа.

    „Движењето чии водачи и основачи паднаа како маченици за достоинството на нашиот народ никогаш нема да биде поразено“, рече Ханије.

    Аури, еден од основачите на военото крило на Хамас, ја предводеше групата на Западниот Брег.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img