Калиумот е важен минерал за човечкото тело. Неговата главна улога е да помогне во одржување на нормално ниво на течност во нашите клетки. Секогаш мора да има доволно ниво на калиум во нашето тело за да може нормално да функционира, а дневно треба да внесуваме 2500 милиграми калиум.
Ова се најчестите знаци дека на вашето тело му недостасува калиум.
1. Мускулна болка
Ниското ниво на калиум во телото може да доведе до болки во мускулите.
2. Замор и слабост
Дали често се чувствувате уморни? Дури и чувството на слабост би можело да биде поврзано со недостатокот на калиум во вашето тело, пишува Тајмс оф Индија.
3. Мускулни грчеви
Слабост во мускулите и повторени грчеви, особено во нозете, може да укажуваат на ниско ниво на калиум во вашето тело.
4. Неправилно чукање на срцето
Ниското ниво на калиум во телото може да го наруши нормалниот ритам на отчукувањата на срцето.
5. Затвор
Недоволното внесување на калиум може да доведе и до дигестивни проблеми, а најчеста последица е запекот.
6. Вкочанетост и чувство на пецкање во екстремитетите
Трнење во рацете или стапалата, а подоцна и вкочанетост на екстремитетите може да укажуваат на недостаток на калиум.
7. Голема жед и пречеста потреба за мокрење
Зголемената жед и честа потреба за мокрење може да укажуваат на нерамнотежа во телото и да укажат на недостаток на калиум.
8. Проблеми со дишењето
Тешкиот недостаток на калиум може да доведе дури и до респираторни проблеми и отежнато дишење.
9. Промени во расположението
Калиумот исто така игра важна улога во нервниот систем. Ниското ниво на калиум во телото може да влијае на промените во расположението, што на крајот може да доведе до депресија.
10. Висок крвен притисок
Хронично ниското ниво на калиум во телото може да доведе до проблеми со висок крвен притисок.
Која храна содржи калиум?
Храна богата со калиум која е важно да ја вклучите во вашата исхрана се: банани, портокали, спанаќ, слатки компири, авокадо, грав, јогурт, риба, компири и домати.