Најстудено утрово е во Берово со – 4 степени целзиусови, во Охрид најтопло со измерени 6 степени.
Како што соопштија од УХМР, -1 степен утрово до 07.30 часот се измерени во Скопје-Петровец и Струмица, нула во Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија, Гевгелија и Попова Шапка, 1 степен во Штип, Куманово, Велес, Кавадарци и Лазарополе, 3 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Крушево, Дојран и Маврови Анови, 4 степени во Прилеп, Виница и Дебар.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2). Четири во Попова Шапка, 3 Дебар, 2 Крива Паланка, Виница, Лазарополе, 1 Тетово, Маврови Анови, Штип, Струмица и Крушево.
Во 7 часот висината на снежната покривка е 5 сантиметри во Маврови Анови.
Во првата половина од ноќта времето беше ведро со мала до умерена облачност, во втората облачноста постепено се зголемуваше, а по одделни котлини, особено долж Повардарието се формира магла.
Утрово е променливо облачно, по котлините со појава на магла (Скопје, Куманово, Демир Капија, Струмица) со намалена хоризонтална видливост до 50 метри. Дува слаб, а на повисоките места умерен ветер од западен и југозападен правец.