Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ синоќа настапи во српската престолнина за реприза на Новата година, а атмосферата се вжештила уште повеќе од неочекуваната ситуација која сите дополнително ги одушевила. Прија ги пеела своите хитови пред публиката, облечена во црн тесен костум со светкави детали на палтото и со длабоко деколте.
Таа во еден момент престанала да пее додека ја изведувала песната „Девет животи“, кога и пришол сопругот Филип Живоиновиќ и страсно ја бакнал пред сите, држејќи ја за глава. По ненадејниот бакнеж, Александра продолжила да пее, а насмевката не ја тргнала од лицето.
Дека оваа песна има посебно значење за младиот пар, Прија откри и на вториот концерт во Арена, кога ја најави песната која и е особено драга, бидејќи токму Филип и ја посветил. Станува збор за песната „Девет животи“ која ја отпеа со многу емоции и солзи во очите.
„Многу е убаво кога ќе си ја исполниш желбата. Погледот од овде е неверојатен. Не го кажав ова за да плачам, но многу ве сакам. Му благодарам на Филип за една од најубавите песни што некогаш сум ги снимила – „Девет животи“. Тој ми посвети стих – „Кога сите рекоа дека не си тој, јас реков дека си“, рекла тогаш пејачката низ солзи.
А со овие зборови таа ја сумирала претходната година, која несомнено беше во нејзиниот знак:
„Минатата година ми беше најдобра кога е мојата кариера во прашање. Сакам во оваа години моите да бидат здрави, тоа е најважно. Сонував дека сето ова ми се случува во кариерата, но би била среќна и ако имав по еден концерт во секој град“, рекла Пријовиќ.