Новата година почна со неколку пријавени случаи на насилство, физички напади и повреди. Еве дел од настаните забележани во полицискиот билтен:
На 01.01.2024 во 18.30 часот во СВР Битола, е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп кај место викано Џаферица, на И.С.(67) од Прилеп, додека управувал патничко моторно возило марка „сузуки“ со прилепски регистарски ознаки, му се слошило и возилото излетало од патот. И.С. починал на самото место, а смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош. Во консултација со јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.
На 01.01.2024 полициски службеници од Македонска Каменица го лишиле од слобода Д.С.(57) од Македонска Каменица, затоа што, според пријавеното, со ловечка пушка му нанел прострелни рани на Д.Ј.(39) од Македонска Каменица, додека бил на лов со повеќе лица во селото Пресека, Кочанско. По документирање на случајот против Д.С. ќе биде поднесена кривична пријава.
На 01.01.2024 во 09.40 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(40) од Скопје, поради тоа што истиот ден со метален предмет физички го нападнал Д.Г.(26) од Скопје и му нанел тешки телесни повреди.
На 01.01.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена пријавила дека околу 19.30 часот во викенд куќа во скопско село била физички нападната од својот партнер М.Д.
Денеска (02.01.2024) во 01.40 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Т.(28) од селото Долно Количани, Скопско, поради тоа што претходно во угостителски објект на подрачјето на Драчево, тој и неговиот брат Е.Т. физички ги нападнале Б.И.(39) од Скопје и П.Б., а исто така им се заканиле и со остар предмет, по што оштетиле дел од инвентарот во објектот.
Денеска (02.01.2024) во 06.08 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел засега непознат сторител насилно ја отворил влезната врата од детска градинка, по што влегол внатре и извршил претурање. Според пријавеното досега, не е одземено ништо.