More

    Русите жестоко го нападнаа Киев, Полска дигна авиони Ф-16

    spot_img

    Полската војска во вторникот објави дека превезувала четири борбени авиони Ф-16 за да ја надгледува границата со Украина, по силното руско бомбардирање на соседната земја.

    „За да се гарантира безбедноста на полскиот воздушен простор, активирани се два пара ловци Ф-16 и сојузнички воздушен танкер“, соопшти оперативната команда на полската армија.

    Во вторникот наутро руската војска изврши нова серија големи воздушни напади врз Украина, при што загинаа најмалку четворица цивили, а беа повредени повеќе од 90, главно во Киев и Харков.

    Полска, членка на НАТО, во петокот објави дека нејзиниот воздушен простор бил нарушен од руска „крстосувачка ракета“ која три минути прелетала над нејзина територија, а потоа заминала за Украина.

    Поради тоа полските цивилни и воени власти одржаа итни состаноци со претставниците на НАТО и полскиот систем за воздушна одбрана беше ставен во состојба на готовност.

    Сличен инцидент се случи во ноември 2022 година кога украинска ракета падна врз полското село Пржеводов, во близина на границата со Украина, при што загинаа двајца цивили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img